Тениска поезија, Ѓоковиќ седми пат во кариерата го освои Завршниот мастерс

Тениска-поезија-Ѓоковиќ-седми-пат-во-кариерата-го-освои-Завршниот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Новак Ѓоковиќ за 102 минути игра го победи Јаник Синер со 6:3, 6:3 и рекорден седми пат во кариерата ја освои титулата на Завршниот мастерс во сезоната. Титулата во Торино е 98. во кариерата на најдобриот играч во историјата на тенисот. Ѓоковиќ, во финалето, му се реваншираше на Синер за поразот во Зелената група. Финалистите турнирот го завршија со по еден пораз.

Слично како и во полуфиналето против Карлос Алкарас и во финалето публиката не го доби посакуваниот спектакл. „Виновник“ е Ѓоковиќ, кој сет и половина играше компјутерски прецизно. Во првиот сет и до предноста од 3:2 во вториот сет, Ѓоковиќ направи само три неизнудени грешки.

Клуч на победата секако беше и сервисот. Ѓоковиќ во полуфиналето и финалето беше беспрекорен на сервисот. Во финалето на Синер му дозволи само две брејк шанси, во шестиот гем од вториот сет.

„Специјален момент. Една од најдобрите сезони во мојот живот. Круната е победа против локалениот херој. Играше одличен тенис. Јас сум многу горд. Во последните два дена играв многу добро. Морав да го засилам темпото, да ги добивам мечевите, а не да чекам некој нешто да ми подари. Тактички играв поинаку денес, се на се феноменална недела“, рече Ѓоковиќ по победата.

За разлика од Ѓоковиќ, Синер премногу грешеше, веројатно импресиониран од настапот во финалето. Само од форхенд страната младиот Италијанец направи четири пати повеќе грешки од противникот.

Ѓоковиќ во мечот, три пати направи брејк. Во шестиот гем од првиот сет, односно во првиот и девттитот гем од вториот сет.

Со победата на Завршниот мастерс Ѓоковиќ дополнително ја зацврсти својата позиција на првото место на АТП листата, има речиси 2.500 поени повече од Карлос Алкарас и сигурно е дека број 1 ќе биде и по Австралија опен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK