ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го забошотува скандалот Диво месо на Онкологија – сакаат да се фрла дамка по сите во здравството за вистинските одговорни да се спасат

ВМРО-ДПМНЕ-Обвинителството-го-забошотува-скандалот-Диво-месо-на-Онкологија-–.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинителството се обидува скандалот со Онкологија да го забошоти. После два месеци нема никаква реакција, нема информација, не се отвора истрага, а камо ли пак да се покрене обвинение, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.


Оттаму додаваат дека во јавноста и медиумите, но и на анкетната комисија во Собранието на виделина излегоа грозоморни податоци дека на Онкологија бил создаван вештачки недостаток на лекови, дека се набавувало на ангро скапа терапија од омилената владина веледрогерија, дека лековите биле изнесувани без протокол и без евиденција, дека дел од терапијата завршувал на црниот пазар, дека не се користил софтвер и Като систем кој ќе водел контрола на трошењето на скапата терапија, дека пациентите не биле соодветно третирани, немало термини и уште десетици други застрашувачки податоци.

Овој скандал Диво Месо на виделина ја извади целата канцер мафија која на грбот на најтешко болните се богатела, велат од од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека сега наместо да излезе Обвинителство со конкретни имиња кои се виновници, тие молчат и се обидуваат да фрлат дамка на сите за да ги спасат вистинските одговорни. Тоа не е ништо друго туку нова операција “кабелот е крив“.

– Ако оваа власт нема волја да ги разоткрие криминалите на клиниката на Онкологија, ако нема интерес овој врв на обвинителството да го разреши скандалот, за многу скоро ќе има промена на власта, по што ќе следи сериозна истрага и одговорност. Одговорност ќе има и за канцер мафијата, но и за сите оние кое ова го дозволувале и го прикривале, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK