Следниот претседател на Русија треба да биде баш како Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Ист како него. Поинаква верзија, но ист како него“, одговори Песков на прашањето на новинарот на студентскиот канал „МГИМО 360“ дали следниот руски претседател треба да биде сличен на актуелниот претседател на Русија.
Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 17 март следната година. Советот на Руската Федерација за ова ќе донесе официјална одлука во декември, по што политичките партии мора да одржат предизборни конгреси и официјално да предложат кандидати.
Путин може да се кандидира за нов мандат, но се’ уште не проговорил за својата одлука кога е тоа во прашање, потсетува „ТАСС“.