Финска на полноќ поставува бариери на четири гранични премини со Русија

Финска-на-полноќ-поставува-бариери-на-четири-гранични-премини-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Финска ќе постави бариери на четири гранични премини со Русија, кои планира да ги затвори на полноќ по локално време, соопшти финската гранична стража.


Финската влада во четвртокот одлучи да затвори четири од деветте гранични премини со Русија како одговор на барателите на азил кои влегуваат во нордиската земја преку нејзината источна граница, пренесува „Ројтерс“.

Финскиот премиер Петери Орпо и министерката за внатрешни работи, Мари Рантанен, изјавија дека во петок на полноќ југоисточните премини Иматра, Нирала, Нуија и Валима на копнената граница меѓу Финска и Русија, која е и надворешна граница на Европската унија, ќе биде затворен.

Финските власти оваа недела соопштија дека Русија во последните месеци почнала да им дозволува на патниците без документи да пристапат до граничната област и да влезат на премини, каде што можат да бараат азил во Финска.

Околу 280 мигранти од трети земји пристигнале во Финска од Русија од септември, објавија претставници на граничните служби.

Финскиот претседател Саули Ниниште во средата ги поврза потезите на Русија со фактот дека Финска стана членка на НАТО во април, по децении воена неутралност. Ова ја налути Москва, која неколкупати му се закануваше на Хелсинки со одмазднички мерки, наведува „Ројтерс“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK