Англискиот фудбалер Џуд Белингем е добитник на наградата „Златно момче“ за најдобар млад фудбалер во светот (до 21 година), по традиционалниот избор на италијанскиот спортски весник „Тутоспорт“.
Белингем на тој начин ги спои признанијата за најдобар млад фудбалер во светот на ФИФА (Трофеј Копа) и „Тутоспорт“ (Златно момче).
Англичанецот игра фантастично оваа сезона откако летово пристигна во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд. Белингем постигна 13 гола за „кралскиот“ клуб и додаде три асистенции, што го прави најдобар играч во тимот на Карло Анчелоти.
Главни конкуренти на Белингем за наградата „Златното момче“ му беа играчот на Баерн Џамал Мусиала и Чави Симонс од Лајпциг.