Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.К.(41) од селото Ботун, општина Дебрца.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „Црвена застава“ и 15 куршуми различен калибар, кои нелегално ги поседувал.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.