Вчера во Велес, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода 44-годишниот Г.Ш. од Велес, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја“, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.