Приведени тројца битолчани, извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија – ХЕЦ Сапунчица

policija-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода 21-годишниот Д.А. и две лица на возраст од 17 години, сите од Битола, кои се сомничат дека на 13.11.2023 во с.Дихово, битолско, извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија- ХЕЦ Сапунчица во село Дихово, извести МВР.


„Приведените во целост го признале кривичното дело, а пронајдени и одземени им се и предметите кои потекнуваат од кривичното дело „тешка кражба“ и пронајденото ќе биде вратено на сопственикот“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK