Страшно е што Северна Македонија не може да ги започне преговорите поради Бугарија, тие треба да започнат веднаш, порачува Сијарто

Страшно-е-што-Северна-Македонија-не-може-да-ги-започне.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЕУ има потреба од Западниот Балкан. ЕУ треба да признае дека местото на Западниот Балкан е таму и проширувањето на унијата треба да започне веднаш и вистинските преговори со Северна Македонија треба да започнат веднаш, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто кој е во посета на државата.


Предупредува дека уште постојат некои земји членки кои го успоруваат овој процес и поставуваат пречки.

„За нас ова е страшно, страшно е што Бугарија го блокираше писмото што требаше да се испрати на Северна Македонија пред неколку недели.

Таа е кандидат веќе 18 години и да не може да ги започне преговорите е одвратно, тоа покажува непочитување на земјата“, потенцира Сијарто.

„Кога ќе го преземеме претседателството со ЕУ ќе ги превртиме сите камења за да бидеме сигурни дека пристапувањето на Северна Македонија и на целиот Западен Балкан ќе се случи што е можно побрзо“, прецизира шефот на дипломатијата на Унгарија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK