Пасош и лична карта се вадат без закажување надвор од Скопје, според Спасовски заменети се 80 отсто од личните документи

Пасош-и-лична-карта-се-вадат-без-закажување-надвор-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На пунктовите во сите градови надвор од Скопје лични документи се вадат без закажување. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека сите пунктови освен скопските, добиле наредба да работат без закажување.


„Издадена е наредба од помошник-министерот во сите градови надвор од Скопје, веќе се работи без закажување. Таму можат сите граѓани кои ќе дојадат и кои ќе се пријават да бидат услужени. Сега засега нема проценка дека ќе има каков било проблем. Сакам да оддадам признание на сите граѓани во внатрешноста на државата заради тоа што веќе надминавме 80 % од замената на личните документи “, рече министерот Спасовски денес по посетата на СВР Струмица.

Единствениот пункт во Скопје на кој се работи без закажување и денес е преполн. Редица граѓани имаше и утрово пред да се отвори пунктот во кој има 12 кабини за фотографирање. Министерот Спасовски вели дека овој пункт многу придонесува за да се зголеми динамиката.

„Според проценките кои ги имаме навистина интензивно се работи. Сегашната динамика во секој сегмент ќе придонесе во наредните месец-два да ги завршиме сите работи“, рече министерот Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање министерот повтори дека казни за граѓаните кои нема да ги сменат личните документи заклучно со февруари 2024 година нема да има.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK