(Видео) Експертите го избраа најдобриот филм за периодот од 2000 до 2009 година

Видео-Експертите-го-избраа-најдобриот-филм-за-периодот-од-2000.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Порталот World of Reel неодамна спроведе анкета во која учествуваа 200 филмски експерти, а нивна задача беше да направат листа на пет најдобри филма од 2000-тите години.


Жирито беше составено од филмски критичари, актери, академици и режисери од разни земји, а тие избираа меѓу речиси 400 филма.

Еден филм извојува убедлива победа и заврши на врвот на оваа листа, а тоа е Mulholland Drive, односно „Булеварот на ѕвездите“, во режија на Дејвид Линч.

Станува збор за нео-ноар трилер од 2001 година, а главните улоги ги толкуваа Наоми Вотс и Лаура Елена Херинг. Овој необичен филм многумина го сметаат за едно од најдобрите достигнувања на Дејвид Линч, заедно со Blue Velvet, The Eraserhead, The Elephant Man и други.

Меѓу првите 10 филма базирани на истражувањето спроведено од World of Reel беа:

1) Mulholland Drive
2) There Will Be Blood
3) Zodiac
4) In the Mood For Love
5) No Country For Old Men
6) Children of Men
7) Eternal Sunshine of the Spotless Mind
8) Spirited Away
9) Yi Yi: A One and A Two
10) Lost in Translation

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK