Де Хега ќе потпише за клуб од Втората шпанска лига

Де-Хега-ќе-потпише-за-клуб-од-Втората-шпанска-лига.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Искусниот 33-годишен голман Давид Де Хеа е блиску до изненадувачки трансфер, пренесуваат водечките шпански медиуми. Де Геа е блиску до договор со шпанскиот второлигаш Елденсе.


Станува збор за многу амбициозен клуб кој моментално се наоѓа на 11-та позиција во шпанската Сегунда, а целта на клубот е до крајот на сезоната да ги фати позициите кои водат во баражот за пласман во шпанската Ла Лига.

Меѓу другите, за Елденсе настапуваат Флоријан Андоне, Хесус Клементе, Арнау Ортиз, Алекс Бернал, Мигел Мари, Алекс Мартинез, Пина.

Де Хеа би потпишал договор до летото 2025 година, а во случај клубот да избори место во елитата, договорот би бил продолжен со дополнителни бонуси.

Шпанските медиуми наведуваат и дека Де Геа лекарски прегледи го делат од потпис на договорот, а се би требало да биде појасно до крајот на оваа недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK