Рускиот тенисер Андреј Рубљев остана без шанси за пласман во полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино. По поразот во првото коло од сонародникот Данил Медедев, во средата доживеа пораз и од Карлос Алкараз.
Младиот Шпанец ја забележа првата победа во кариерата, кога станува збот за завршниот Мастерс во сезоната. Алкараз победи во два сета со 7:5, 6:2.
Рубљев одигра речиси ист меч како во првото коло. Се држеше до финишот на првиот сет, потоа со серија грешки му овозможи на противникот да направи брејк и да го добие сетот, а потоа целосно потона и речиси да не постоеше на теренот во вториот сет.
Во моментите кога играше многу лошо, Рубљев имаше и вербални и физички испади.
Така, во моментот кога Алкараз имаше сет и брејк предност, Рублев почна да се удира со рекетот по левата нога.
Камерата потоа ги „улови“ лекарите како му помагаат и го запираат крварењето.
Ay Rublev….pic.twitter.com/wGYg1A5Vtb
— Set Tenis (@settenisok) November 15, 2023