Баерн не се откажува од Палиња

Баерн-не-се-откажува-од-Палиња.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Баерн Минхен не се откажува од големата желба на Томас Тухел, фудбалерот на Фулам Жоао Палиња.


Има уште една потврда дека Баерн со сите сили се обидува да го донесе Португалецот, откако минатото лето во последен момент пропадна неговиот трансфер.

Сега директорот на Баерн, Кристоф Фројнд потврди дека Португалецот останува цел.

„Секако дека Палиња е наша мета и на нашиот радар“, рече Фројнд.

Фулам летово ја прифати понудата на Баерн од 50 милиони евра, но не успеа да најде замена во последниот ден од преодниот рок, поради што трансферот не беше реализиран.

Сепак, се чини дека Португалецот во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Минхен. Во Минхен процениле дека Фулам ќе има довлно време да најде замена за Палиња.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK