Скарлет Јохансон одговори на тврдењата за враќање во улогата на Црната вдовица: Кој знае

Скарлет-Јохансон-одговори-на-тврдењата-за-враќање-во-улогата-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скарлет Јохансон ја толкува Наташа Романоф, попозната како Црна вдовица, во проектите на „Марвел“. Гледачите можеа да ја видат нејзината трагична судбина во филмот Avengers: Endgame од 2019 година.


Иако две години подоцна се појави во свој филм, хронолошки дејството на таа приказна е сместено неколку години пред завршницата. Со оглед на тоа што квалитетот на проектите на Marvel Cinematic Universe веќе не е на нивото од порано, сѐ почесто се слуша желбата за враќање на оригиналниот состав на Avengers.

„Варајети“ пред неколку недели објави дека имало разговори во „Марвел“ за тоа. Но, на неодамнешната премиера на „Марвел“, шефот на студиото, Кевин Фајџ, негира дека имало какви било разговори, но навести дека може да има нешто во иднина.

Сега оваа информација стигна и до Јохансон, која гостуваше во емисијата „Тудеј“. Таа таму се осврна на шпекулациите и на тврдењата за нејзиното враќање во MCU, јасно ставајќи до знаење дека нема поим за што точно зборуваат.

„Не знам како тоа може да се случи. Можеби во некој филм за зомби? Ми се чини дека таа ја заврши својата приказна. Како може некој да се врати после тоа? Да, таа умре“, рекла актерката.

„Тоа би било чудо. Вистинско чудо на ‘Марвел’ ако ја оживеат. Кој знае, но не сум сигурна“, додала таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK