УЕФА го објави изгледот на топката со која ќе се играат натпреварите на Европското првенство во Германија.
Топката на Адидас се вика „Fussballliebe“, што во превод значи „љубов кон фудбалот“.
Компанијата објави дека топката во нивните продвници ќе може да се купи по цена од 150 евра.
„Европското првенство на УЕФА го претставува врвот на европското репрезентативно натпреварување. Посветени сме да се погрижиме секој аспект, од теренот до опремата, да биде со највисок квалитет. Како и секогаш, уверени сме дека топката „Аdidas Fussballliebe“, ќе означи уште еден чекор во нашата заедничка посветеност за извонредност“, изјави легендарниот хрватски репрезентативец Звонимир Бобан, кој сега работи како технички директор на УЕФА.
Европското првенство во Германија ќе биде 17-то издание на ова натпреварување. Ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули 2024 година во десет градови: Берлин, Келн, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Гелзенкирхен, Хамбург, Лајпциг, Минхен и Штутгарт.