Финска ја обвини Русија: Користат тактики за хибридно војување

Финска-ја-обвини-Русија-Користат-тактики-за-хибридно-војување.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија користи тактика на хибридна војна за да ги турка мигрантите преку финската граница.



Финската гранична полиција вели дека во последните месеци е зголемен бројот на луѓе кои преминуваат од Русија во југоисточна Финска без соодветни документи.

Иако вкупните бројки се сè уште ниски, сепак има нагло зголемување за релативно краток временски период.

Од крајот на август пристигнале 91 лице, додека во понеделникот Граничната стража соопшти дека пристигнале уште 39 лица.

Граничната патрола соопшти дека мигрантите се претежно Сиријци, Турци и Сомалијци.

Претходно руските власти не дозволуваа никој да доаѓа на финските гранични премини без соодветни документи или виза, но таа тактика сега е променета.

„Последниве месеци, дејствијата на руските власти, барем на границата со југоисточна Финска, се променија на таков начин што, за разлика од порано, дозволија патување и покрај недостигот на документи“, соопшти Граничната стража.

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен ја обвини Русија за намерно возење мигранти кон граничната зона како форма на „хибридна војна“ и рече дека ќе го информира генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и ЕУ за ситуацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK