(Видео) Ѓоковиќ ја насмеа планетата: публиката мислеше дека ќе го испровоцира, но тој возврати со ироничен гест на клупата

Видео-Ѓоковиќ-ја-насмеа-планетата-публиката-мислеше-дека-ќе-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јаник Синер успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ со 7:5, 6:7(5), 7:6(2), но за време на мечот беа видени неколку сцени кои за некои беа урнебесни.


Ѓоковиќ „војуваше“ со публиката, па имаше оригинален и ироничен начин да одговори на свирежите. Очекувано публиката беше на страната на домашниот играч, но Новак имаше подготвен одговор.

Кога почнаа да му свиркаат, тој иронично диригираше со тој оркестар што се формираше од никаде.

Свирежите не го изнервираа, што се виде од неговата реакција.

„Очекував публиката да биде на негова страна, тоа е нормално, тој е единствениот Италијанец на турнирот, тој игра во својата земја, тој е во одлична форма. Нормално е што навиваа за него“, изјави Новак по мечот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK