Планинар од САД по кој се трагаше со месеци е најден мртов, а до него кучето сè уште живо

Планинар-од-САД-по-кој-се-трагаше-со-месеци-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Телото на 71-годишниот планинар кој исчезна во август е пронајдено во планините во јужниот дел на Колорадо. Спасувачите наведуваат дека покрај телото било неговото верно куче, кое успеало да преживее во дивината и да остане покрај својот сопатник.



На 19 август, Рич Мур со својот териер Фини тргнал кон врвот Блекхед Пик (3800 метри) и повеќе не се вратил. Десет недели подоцна, на 30 октомври, неговите останки ги пронашол ловец. Тие се наоѓале на неколку километри источно од планинскиот врв. До Мур седел верниот Фини.

„Кучето беше многу слабо, изгубило околу половина од својата тежина. Тоа покажува колку бил лојален“, изјави за Си-Ен-Ен Делинда Ван-Брајтин, која учествуваше во потрагата по планинарот.

Тренерот на кучиња Расел Хартштајн вели дека ваквата посветеност на кучињата кон нивните сопственици не е невообичаена.

„Тие често можат да бидат верни до смрт“, изјави Хартштајн за „Си-ен-ен“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK