Бајден и Си ќе се обидат да ги намалат тензиите на самитот во Сан Франциско

Бајден-и-Си-ќе-се-обидат-да-ги-намалат-тензиите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг денеска ќе се сретнат во Калифорнија за да се обидат да ги стабилизираат заладените односи меѓу двете сили.


Средбата е планирана во областа Сан Франциско и ќе се одржи на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска заедница.

Бајден и Си не се виделе лично од самитот на Г-20 во Бали, Индонезија пред една година.

Американската страна соопшти дека целта на разговорите е да се организира натпреварувањето меѓу двете земји на одговорен начин, да се обезбедат канали за комуникација и да се избегне влегување во воен конфликт.

Во Пекинг, портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг оваа недела рече дека Кина сака односите да се вратат на „стабилен пат“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK