Израелскиот министер за одбрана: Ја пробивме одбраната околу градот Газа

Израел-до-цивилите-во-Газа-Ги-прекинавме-воените-активности-четири.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелските сили ја пробиле одбраната на Хамас околу градот Газа од север и југ. Тој вели дека армијата го контролира теренот во северниот дел на Газа, особено во градот Газа.


„Ја овластив армијата да продолжи да напредува денеска и во наредните денови да ги извршува своите задачи. Нема да има безбедно место (за Хамас) додека не ја завршиме нашата мисија и не ги вратиме заложниците“, најави тој.

Во врска со повторените напади на Хезболах од Либан врз северен Израел, Галант рече дека „безбедноста на жителите на северот и на жителите на југот е подеднакво важна“.

„Знаеме што да правиме против секоја закана“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK