Ернан Креспо, има нова работа. 48-годишникот е промовиран во нов тренер на Ал Аин, клуб од Обединетите Арапски Емирати.
Во текот на октомври Креспо остана без работа во катарскиот Ал Духаил, а сега го презеде Ал Аин каде го наследи Холанѓанецот Алфред Шројдер, поранешниот тренер на Хофенхајм, Клуб Бриж и Ајакс, кој треба да стане нов тренер на Ал Итихад, клуб во кој ѕвезди се Французите Карим Бензема и Н’Голо Канте.
Тренерската кариера на Креспо е далеку под нивото на неговата кариера како играч кога беше ѕвезда каде и да играше, од Ривер Плата, Парма, Лацио и Интер до Челзи и Милан.
За аргентинската репрезентација одигра 64 натпревари и постигна 35 голови.
Почна да работи како тренер во Парма, клубот каде ја заврши кариерата, а потоа работеше во Модена, па ја напушти Европа за да работи во аргентинските клубови Банфилд и Дефенса Јустиција, бразилскиот Сао Паоло и Ал Духаил.