(Видео) Израелците: Влеговме во таен тунел на Хамас – нивниот команден центар

Видео-Израелците-Влеговме-во-таен-тунел-на-Хамас-–-нивниот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Војската на Израел објави дека пронашла складиште со оружје на Хамас по упад во тунел под болницата во Газа.



Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека откритието било направено во детската болница Рантиси само еден ден откако биле евакуирани последните пациенти.

Болниците се во центарот на војната во последните денови. Хамас тврди дека не ги користи болниците како бази за своите операции. Болницата Рантиси остана без гориво минатата недела, а Израел им нареди на луѓето да ја напуштат додека продолжува копнената операција.

Во изјава за новинарите од Тел Авив, контраадмиралот Хагари рече дека во подрумот биле пронајдени „команден и контролен центар на Хамас, самоубиствени елеци, гранати, автомати АК-47, експлозивни направи, РПГ и друго оружје“.

„Најдовме и знаци кои покажуваат дека Хамас овде држел заложници“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK