Брачниот пар Македонци заглавени во Газа преминаа на безбедно во Каиро, објави Османи

Брачниот-пар-Македонци-заглавени-во-Газа-преминаа-на-безбедно-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Евакуиран е брачниот пар македонски државјани кои беа заглавени во завојуваната Газа. Министерот за надворешни Бујар Османи на Фејсбук објави дека брачниот пар утринава го поминале египетскиот премин Рафах и се на безбедно во Каиро.


„Одлична вест тукушто пристигна од Каиро и Тел Авив. Брачниот пар, последните двајца наши државјани кои се наоѓаа во ризичните зони се евакуирани од Газа. Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро, и наскоро ќе бидат упатени кон дома. Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани“, напиша Османи во објава на Фејсбук.

Тие веќе од утре ќе патуваат за Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK