Кралот Чарлс го слави својот 75-ти роденден, започнува голема програма за борба против сиромаштијата

Кралот-Чарлс-го-слави-својот-75-ти-роденден-започнува-голема-програма.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот крал Чарлс Трети денеска го слави својот 75-ти роденден и ќе започне нова програма за борба против сиромаштијата и намалување на фрлањето храна.


Кралот Чарлс, кој е еколошки активист и поддржувач на одржлива економија повеќе од пет децении, денеска официјално ќе го започне проектот „Cronation Food“, објави Ројтерс.

Чарлс во една статија за магазинот Big Eye, кој вообичаено го продаваат бездомниците, напиша дека се надева дека новиот проект ќе најде практични начини за дистрибуција на вишокот храна на оние на кои им е најпотребна.

Денеска, придружуван од неговата сопруга, кралицата Камила, тој ќе посети центар за дистрибуција на вишок храна и ќе се сретне со претставници на големите британски супермаркети за да разговараат за тоа како неговиот проект може да помогне во прераспределбата на храната што инаку би одела на отпад.

Хуманитарните организации најавија дека поради зголемените трошоци за живот, бројот на луѓе кои немаат доволно храна е зголемен за 38 отсто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK