Времето сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност

sonce_oblaci_3435354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен до јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степени.

Во Скопје наутро со слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.



Во следните два дена ќе се задржи релативно топло време со појава на утринска магла во одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови во среда и во петок и на почетокот на викендот кога ќе дува и засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK