Клоп: Оние кои одлучуваат за термините на натпреварите немаат чувство за фудбал

Клоп-Оние-кои-одлучуваат-за-термините-на-натпреварите-немаат-чувство.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, е незадоволен од терминот на натпреварот со Манчестер сити по репрезентативната пауза.



Челниците на Премиер лигата одлучија средбата од 13. коло на „Етихад“ да се одржи на 25 ноември во 13 часот и 30 минути.

Проблемот е што во двата тима има многу играчи од Јужна Америка, кои за своите национални тимови ќе играат 72 часа пред дербито.

Клоп реши повторно да проговори, бидејќи претходно имаше замерки за термните во кои се играат натпреварите.

„Како може некој да постави ваков натпревар во сабота во 13.30 часот? Искрено, луѓето кои одлучуваат немаат смисла за фудбал. Тоа едноставно не е можно. Тоа е време кога светот плаќа најмногу за да го види натпреварот. Играчите ќе пристигнете со истиот авион, сите од Јужна Америка, ќе ги земеме од различни земји“, рече Клоп.

Тој вели дека сето тоа ќе се одрази на квалитетот на фудбалот.

„Треба да се натпреварувате во најтешката лига на светот и да бидете подготвени да играте во ритамот четврток – недела. И доколку Премиер лигата има шанса да направи нешто, тие ќе ви речат дека играте во сабота во 13.30 часот“, иронично додаде Германецот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK