Ѓоковиќ направи забава во соблекувалната: пред да го земе трофејот славеше со тимот со позната песна

Ѓоковиќ-направи-забава-во-соблекувалната-пред-да-го-земе-трофејот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новак Ѓоковиќ по осми пат во кариерата го доби пехарот наменет за играчот кој годината ја завршува на првото место на АТП листата.



Српскиот тенисер прослави со познатата песна „Гвантанамера“, а со него танцуваше цел тим.

Пред да му биде доделена наградата, тој танцуваше во соблекувалната со тимот, а потоа тоа го направи низ целиот тунел, пред да излезе по трофејот.

Нему му беше потребна само една победа за да го обезбеди овој трофеј и релативно лесно стигна до него.

Новак се јави во живо на Инстаграм, а потоа, непосредно пред да излезе на теренот, ги поздрави фановите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK