Судијките Мери Дика Георгиевска и Снежана Манев денеска ги потпишаа свечените изјави во Судскиот Совет.
Герогиевска како претседател на Апелацискиот суд Скопје и судијката Манев како претседател на Основниот суд Куманово, се заколнаа дека функциите ќе ги вршат законито, чесно, совесно, независно и одговорно.
Двете претходно ја извршуваа функцијата вршител на должност во овие судови.
Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев им честита и им посака успех и евидентни резултати. Обраќајќи се кон новите судики им укажа дека се нафаќаат да бидат претседатели на судови во многу динамичен период, кога има многу критички осврти за работењето на судската власт. Рече дека двете имаат големо искуство во работата и очекува од нив дека ќе придонесат кон враќање на довербата во судството.