Знамињата на ОН спуштени на половина копје за лицата убиени во Појасот Газа

Знамињата-на-ОН-спуштени-на-половина-копје-за-лицата-убиени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Знамињата на Обединетите нации денеска беа спуштени на половина копје во централата во Азија и Африка, во знак на жалост за персоналот на светската организација кој беше убиен во Појасот Газа.



Персоналот на светската организација во Азија и Африка со едноминутно молчење им оддаде почит на своите колеги кои беа убиени во Газа за време на конфликтот меѓу Израел и Хамас, објави „Гардијан“.

Сино-белото знаме на ОН е на половина копје пред канцелариите во Бангкок, Токио и Пекинг, како и пред Катманду, Кабул и Најроби.

Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) во петокот објави дека повеќе од 100 нејзини вработени загинале во Газа од почетокот на израелското бомбардирање, пренесе Би-Би-Си. Ова е досега највисокиот број на работници на ОН убиени во конфликт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK