Десетици илјади луѓе протестираа денеска во Амстердам барајќи поголема акција во борбата против климатските промени, само десет дена пред парламентарните избори.
Организаторите тврдат дека над 70.000 луѓе биле присутни на, како што рекоа, најголемиот протест за климата досега во Холандија.
Активистката Грета Турнберг беше еден од говорниците, заедно со поранешниот европски комесар за клима, Франс Тимерманс.
„Живееме во време на кризи, кои се резултат на политичките избори што се направени. Мора да се направи и може поинаку“, се вели во соопштението на организаторите.
Борбата против климатските промени е едно од најважните прашања за политичките партии на изборите на 22 ноември.