Момче носело нож во дискотека во Битола – МВР го нашло оружјето при контрола

Момче-носело-нож-во-дискотека-во-Битола-–-МВР-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа, по полноќ, битолската полиција спроведе акциска контрола за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24 часот на подрачје на Битола.


При контролата легитимирани биле 200 лица во угостителски објекти на подрачјето, при што во угостителски објект во Битола затекнато е едно малолетно лице после 24 часот и констатиран прекршок по чл.31 од Законот за оружје, каде при извршен преглед кај Н.М.(25) од Битола пронајден е нож.

Во времето од 02.00 до 03.00 часот, криминалистичката полиција во содејство со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, при извршена акциска контрола во ноќен клуб во Битола изврши прегледи врз 63 лица. Констатирани се неправилности за кои ќе се поднесат соодветни поднесоци против прекршителите, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK