(Видео) Хаос во Србија – Навивачи среде натпревар го нападнаа голманот, тој заврши во болница

Видео-Хаос-во-Србија-–-Навивачи-среде-натпревар-го-нападнаа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Натпреварот од 14. коло од српската лига Белград меѓу Земун и Рад беше прекинат во 27. минута при резултат 2:0.



Младиот голман на српскиот третолигаш Рад, Лука Мартиновиќ заврши во белградскиот Ургентен центар, откако на гостувањето во Земун го нападнаа домашните навивачи.

При резултат 2:0 за Земун, тие втрчаа во теренот во 16. минута и од мрежата на голот му го одземаа шалот на Мартиновиќ, кој го носи на секој натпревар за среќа уште од својата 10-та година. Инцидентот можете да го погледнете на видеото од 28. минута.

Мартиновиќ тргнал по нив за да го врати шалот, по што маскираните хулигани, со фантомки на главите, започнале да го удираат. Потоа тие се вратиле на трибината.

Мартиновиќ му сигнализирал на судијата да го прекине натпреварот, што се случило, по што играчите на Рад заминале во соблекувалната од која повеќе не се вратиле.

Навивачите на Земун, потоа тргнале кон навивачите на Рад, кои сакале да ги одбранат играчите на нивниот клуб, главно деца, и започнале конфликт со полицијата. Дошло до кратка тепачка, по што еден полицаец е повреден, а неколку навивачи на Рад се приведени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK