(Видео) Среде натпревар почина најдобриот стрелец на албанската лига

Видео-Среде-натпревар-почина-најдобриот-стрелец-на-албанската-лига.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот Рафаел Двамена (28) почина во текот на натпреварот 13. коло од првенството на Албанија, меѓу Игнација и Партизани.


Напаѓачот од Гана колабирал во 24. минута откако доживеал срцев удар, објавија албанските медиуми. Лекарите се обиделе да го реанимираат на теренот, но не успеале да му го спасат животот. Двамена оваа сезона постигна девет гола во албанскиот шампионат и беше нејзин најдобар стрелец.

Тој е повремен репрезентативец на Гана со осум настапи и два гола. Според „Трансфермаркт“, во текот на неговата кариера играл за Нигериската Ултимејт фудбалска академија, за акедемијата на Ред Бул во Гана од каде се приклучил на австрискиот Ред Бул.

Беше и член на Лиферинг, Австрија Луштенау, Цирих, Леванте, Реал Сарагоса, дански Вејле, Блау Вајс Линц и БСЦ Олд Бојс. Во Игнација пристигна во јануари 2023 година.

Албанските медиуми јавуваат дека Двамена претходно имала проблеми со срцето. Поради трагедијата одложени се сите натпревари од оваа рунда во албанскиот шампионат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK