Вулверхемптон го победи Тотенхем со 2:1, во првиот натпревар од 12.коло во Премиер лигата. Вулвс до победата дојдоа со два гола во судиското надополнувае на времето.
Тотенхем со „крпен состав“, без неколку стандарни играчи, на „Молиноу“ имаше предност до 90.минута, на крајот го дожиева вторито последовен пораз.
Работите одлично започнаа за гостите, Џонсон, со гол ја заврши одличната тимска акција. До крајот на полувремето Тотенхем ја контролираше играта и без проблем ја чуваше предноста.
Во второто полувреме, особено во неговиот втор дел, Вулверхемптон изврши силен притисок кон голот на Вивијано.
Клучна се покажа измената кога Пабло Сарабија влезе во игра во 87.минута. Шпанецот на истекот на 90.минута го изедначи резултатот, а потоа во 96.минута му асистираше на Марио Лемина за 2:1.
Со оваа победа, Вулверхемптон скока на 12.место со 15 поени, Тотенхем е втор со 26 бода.