Хрватскиот министер ја предизвикал несреќата во која загина маж – престигнувал камион, потврдија надлежните

Први-фотографии-од-местото-на-несреќата-во-која-учествуваше-хрватскиот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државното правобранителство во Хрватска се огласи во врска со сообраќајната несреќа на хрватскиот министер за одбрана, Баножиќ.



Билјана Лубуриќ, заменик државен правобранител, рече дека во соработка со полицијата и експерти, констатирале дека 44-годишен хрватски државјанин (министерот) возел од правец на Винковци и почнал да престигнува камион без да провери дали може безбедно да го направи тоа, пришто удрил во комбе кое се движело од спротивна насока.

„Возачот на комбето загина, додека возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Винковце, а подоцна и во Осиек“, додаде таа, пренесе „Индекс“.

Земени се примероци од крв и урина за да утврдат присуство на алкохол, но резултатите се’ уште ги немаат.

Таа не можеше да открие со која брзина се движел министерот Баножиќ. Потврди дека двајцата возачи имале сигурносни појасни, а сведок во истрагата е камионџијата кој бил сослушан. Што се однесува до присуството на воената полиција, вели дека секогаш треба да биде присутна кога има сообраќајна несреќа во која учествува воено лице, но тие не влијаат на истрагата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK