„Омилената владина веледрогерија била „оќорена“ од тендери на Онкологија, за одредени лекови се правеле залихи, а други биле оставани како дефицитарни“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Омилената-владина-веледрогерија-била-„оќорена-од-тендери-на-Онкологија-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Власта бега од скандалот со клиниката за Онкологија како ѓавол од темјан. Бегаат затоа што токму оваа власт е дивото месо кое што го уништува здравствениот систем и овозможува некој да се богати на грбот и на сметка на животите на најтешките пациенти во државата. Ова што се случувало во клиниката за Онкологија е дело на една канцер мафија. Таа канцер мафија свесно предизвикала хаос во клиниката со цел во матното да се злоупотребува скапата терапија која чини и по илјада евра од ампула“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Притоа речиси по правило било набавувано терапија од омилената веледрогерија на власта која била „оќорена“ од тендери и народни пари. Она кое што е забележано во извештајот од финансиската контрола е дека постои нејасна причина зошто за некои лекови се правени анекси и залихи, а за други дефицитарни лекови не. Дали свесно било набавувано повеќе од некои лекови кои чинат огромни суми, за да може веледрогеријата да се наполни со пари?

Исто така во истиот извештај се забележува зошто е распишан 4 месечен тендер од страна на клиниката за Онкологија, кога тендерот на министерството за здравство бил уште во тек?

Сите овие недоследности , но и мноштвото сведоштва за злоупотреби, говорат дека на клиниката за Онкологија се спроведувал најморбидниот криминал. Оваа канцер мафија мора да одговара“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK