Маричиќ за Извештајот на ЕК: Не гледам назадување, продолжувањето на преговорите зависи од уставните измени

Маричиќ-за-Извештајот-на-ЕК-Не-гледам-назадување-продолжувањето-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Би сакал да го прочитате сите Извештајот и да видите каде има збор назадување, јас не видов збор назадување, беше одговорот на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на новинарско прашање околу Извештајот на ЕК.



Беше прашан и за нотираната злоупотреба на европското знаменце.

„Во однос на европското знаме, знаете секогаш се користи на предлог на Владата и секогаш се користи кога за тоа има услови и кога за тоа има основа“, вели Мариќиќ.

„Свесни сме за проблемите не бегаме од нив“, додава тој.

Во моментов, според него, најважно е да се донесат уставните измени во Собранието за да може земјата да ги продолжи преговорите за членство во ЕУ. А во текот на преговорите, според него, ќе се решаваат проблемите со судството и со борбата против корупцијата.

„Ние ги почнавме преговорите, прашањето е дали ќе ги продолжиме и тоа зависи од уставните измени. Ние недостатоците ги ставаме во листа на наши задачи во текот на преговорите, а дали ќе отидеме во наредна фаза зависи само од уставните измени. Во текот на преговорите мораме да работиме на овие теми. Ние никогаш не сме бегале од овие теми, затоа и ја повикавме ЕУ да достави информации за Судскиот совет. Јас сум бил во Брисел многу пати со барање да воспоставиме механизам за ветинг (во судството, н.з.), но за жал не добивме поддршка од ЕУ за тоа. Не постои проблем во овој извештај што не можеме да го решиме во текот на преговорите со ЕУ, но за тоа да го направиме важно е да ја завршиме обврската со уставните измени“, рече Маричиќ.

Не е нотирано назадување во Извештајот подвлече тој.

„Комисијата дава објективен пресек на напредокот но и на слабостите. Произлегува важна порака, имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, а не е нотирано назадување. Оценката е добро ниво во 2023 година и е солидна константа веќе неколку години наназад. Во делот на кластерот Фундаментални вредности, се нотира дека државата испорачува резултати“, вели Маричиќ.

Според него, позитивен е планот за раст, кој предвидува трансфер на пари кон земјите кои преговараат, но уште не се членки на Европската Унија.

„Го поздравуваме планот за раст. Ние како држава побаравме од ЕУ да можеме да ги користиме придобивките и пред да станеме членки. Заедничка цел наша и на ЕУ е до април 2024 година е да се направи прв трансфер на средства кон Македонија и кон Западен Балкан. Тоа значи дека ако забрзаме, првиот трансфер може да го имаме за 5 месеци од сега“, рече тој Маричиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK