Браќа Карамазови на Оливер Фрљиќ вечерва на 48. МОТ

Браќа-Карамазови-на-Оливер-Фрљиќ-вечерва-на-48-МОТ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Среќните и несреќните семејства на Толстој низ призмата на суровиот реализам на Достоевски, е дело кое е како порачано за наградуваниот режисер Оливер Фрљиќ.


По девет години тој се враќа на сцената на ЗКМ во Загреб, и ја прави оваа современа обработка на рускиот класик, Браќа Карамазови, која е во форма на двојна претстава. Може да ги гледаат и двата дела и да добијат целосна слика од оваа комплексна линија на дејството поради која овој роман се смета за најцеловитото дело на Достоевски.

Двојноста најдобро е прикажана преку огледалноста на одредени ликови и нивните меѓусебни односи, но и преку сценографските и костимографските решенија, а и кастингот, со кој некои актери играат повеќе ликови, кои меѓусебно се надополнуваат. Иако досегашните сценски адаптации се држеа подалеку од односот на Аљоша и момчињата од пониските социјални слоеви, во обработката на Фрљиќ тој добива еднакво внимание како и главната линија за браќата Карамазови и нивниот татко.

Играат:
Уго Корани, Дадо Ќосиќ, Адриан Пездирц, Јерко Марчиќ, Линда Бегоња, Катарина Бистровиќ Дарваш, Данијел Лјубоја, Матео Видек, Милица Манојловиќ, Миливој Беадер, Иван Пашалиќ, Хрвојка Беговиќ, Петра Свртан, Рок Јуричиќ
Драматургија: Нина Гојиќ
Сценографија: Игор Паушка
Костимографија: Здравка Ивандија Киригин
Сценски движења: Дина Екштајн
Музички избор: Оливер Фрљиќ
Дизајн на светло: Марино Франкола
Асистент на режија: Александар Швабиќ
Асистент на драматургија и сценски движења: Ана Јаворан
Асистент на драматургија: Карла Месек, Антонела Тошиќ
Асистент на костимографија: Тина Спахија, Реа Јањиќ
Инспициент: Дина Екштајн

Претставата се игра на сцената на НОБ, првиот дел започнува во 19 часот, а вториот во 22 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK