Појасот Газа се соочува од зголемен ризик од ширење на болести поради израелските воздушни бомбардирања кои го нарушија здравствениот систем, пристапот до чиста вода и предизвикаа собирање на луѓе во засолништата, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
„Бидејќи бројот на загинати и повредени во Газа продолжува да расте поради засилените непријателства, интензивното пренатрупување и нарушените здравствени, водоводни и санитарни системи претставуваат дополнителна опасност: брзото ширење на заразните болести“, соопшти СЗО.
„Веќе се појавуваат некои загрижувачки трендови“, се додава. Недостигот на гориво во густо населената енклава предизвика затворање на постројката за десалинизација, зголемувајќи го ризикот од бактериски инфекции како што е ширењето на дијареата. СЗО соопшти дека од средината на октомври биле пријавени повеќе од 33.551 случаи на дијареа, од кои повеќето се деца на возраст под пет години.
Бројот на заразени деца значително се зголеми во споредба со просечните 2.000 случаи месечно во таа возрасна група во текот на 2021 и 2022 година. Недостигот на гориво, исто така, го наруши собирањето на цврстиот отпад, создавајќи „средина погодна за брзо и широко распространето размножување на инсектите, глодари кои можат да пренесат болести“, според СЗО.