Портпаролот на израелската армија изјави дека Хамас ја изгубил контролата врз северниот дел на Газа.
ИДФ претходно соопшти дека нејзините копнени сили ја поделиле Газа на два дела и објавија дека сега има северна и јужна Газа.
Цивилите северно од линијата Вади Газа добија наредба да се евакуираат на јужната страна.
„Видовме како 50.000 цивили се движат од северниот дел на Појасот Газа кон југ. Тие се движат затоа што сфаќаат дека Хамас ја изгубил контролата на север“, изјави адмиралот Даниел Хагари.
„Хамас ја загуби контролата и продолжува да ја губи контролата на северот“, додае тој.