Голем пожар ги зафати историските хангари од Втората светска војна во Калифорнија

Голем-пожар-ги-зафати-историските-хангари-од-Втората-светска-војна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Огромен пожар зафатил огромен дрвен хангар во градот Тустин во јужна Калифорнија, кој бил изграден за воени потреби за време на Втората светска војна.



Противпожарната служба на округот Оринџ соопшти дека дозволувањето на структурата да се урне е единствениот начин за борба против пожарот, пренесе АП.

„Поради природата на пожарот и непосредната опасност од колапс, утврдивме дека оперативно најправилен метод е да се дозволи уривање на конструкцијата, по што екипите ќе можат да се приближат до објектот и да започнат со гаснење на пожарот“, велат од управата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK