Шпанската полиција ги растера демонстрантите во Мадрид, тие скандираа: „Санчез во затвор“ и „Пучдемон во затвор“

Шпанската-полиција-ги-растера-демонстрантите-во-Мадрид-тие-скандираа-„Санчез.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанската полиција мораше насилно да растера околу 4.000 демонстранти кои се собраа пред седиштето на владејачката Социјалистичка партија во Мадрид, кои протестираа против законот за амнестија на организаторите на референдумот за независност на Каталонија предложен од актуелниот премиер Педро Санчез.


Демонстрантите, меѓу кои беше и лидерот на екстремно десничарската партија Вокс Сантијаго Абаскал, употребија солзавец и факели, превртуваа контејнери за ѓубре на улиците и фрлаа шишиња кон полицијата, па полицијата мораше да одговори со употреба на палки, димни бомби и гумени куршуми за да ги растера, а најмалку едно лице е приведено.

Премиерот Санчез го предложи законот за амнестија во обид да се формира нов кабинет откако последните парламентарни избори одржани во јули не дадоа јасен победник.

Со овој закон тој се обидува да добие две каталонски сепаратистички партии на своја страна, а најголем победник би била партијата Јунтс на Пучдемон, која го предводеше неуспешниот обид за отцепување на Каталонија од остатокот на Шпанија во 2017 година.

Предложениот закон беше жестоко критикуван од сите конзервативни партии, но и од судиите кои го обвинија Санчез дека го загрозува спроведувањето на словото на законот. Некои од демонстрантите, завиткани во шпански знамиња, скандираа „Санчез во затвор“ и „Пучдемон во затвор“, додека некои носеа транспарент со натпис „Шпанците имаат право и должност да ја заштитат Шпанија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK