Џо Бајден и Бенјамин Нетанјаху разговарале за можноста за „тактички паузи“ во борбите, според Белата куќа. Портпаролот Џон Кирби рече дека владите на САД и Израел ќе продолжат да бидат во контакт за можните хуманитарни паузи и можното ослободување на заложниците. Самите лидери, исто така, ќе ги продолжат разговорите во наредните денови, рече тој.
„Можете да очекувате да продолжиме да се залагаме за привремени и локализирани паузи во борбите“, рече Кирби.
Администрацијата на Бајден тврди дека целосен прекин на огнот не би бил соодветен чекор.