Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не само што води сопствена војна против палестинската милитантна група Хамас.
Тоа е и „цивилизациска битка против варварството“.
„Ако цивилизацијата не надвладее, ќе надвладее варварството, а тоа е вашата битка“, изјавил Нетанјаху за време на средбата со бугарскиот премиер Николај Денков во Ерусалим, пишува „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху го нарече Хамас „најдивиот непријател што сме го виделе по холокаустот“.