Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Непал, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EМСЦ).
Во соопштението се наведува дека земјотресот бил на длабочина од 35 километри, пренесува „Ројтерс“.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
Новиот потрес се случи откако повеќе од 150 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 5,6 степени во петокот.