Напад од сите фронтови, пеколни 24 часа, Русите нападнаа од речиси сите страни, соопшти Украина

Напад-од-сите-фронтови-пеколни-24-часа-Русите-нападнаа-од.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа речиси на сите делови од фронтот, но украинските сили ги одбија сите напади, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина.



Руските сили интензивно нападнаа во правец на Купјанск, Бахмут, Авдејевка, Маринка, Шахтјорск и Запорожје, пренесува агенцијата Униан.

Се додава дека Русите се уште се обидуваат, со поддршка на авијацијата, да ја опколат Авдеевка, но дека украинските војници цврсто ја држат одбраната.

Украинските одбранбени сили ја продолжуваат офанзивната операција на правецот Мелитопол, како и јужно од Бахмут, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK