Дигитализацијата го менува начинот на којшто луѓето управуваат со своите финансии, како трошат, штедат, купуваат и продаваат. Со ова се менува и начинот на живот, односно брзиот развој им дава поголеми можности на граѓаните.
Ова брзо темпо на технолошкиот развој е присутно во речиси сите области, а исклучок не е ниту финансискиот сектор. Финтек како индустрија стана моќен двигател на иновациите во светот на финансиите и има потенцијал да ги трансформира финансиските услуги.
Дека трансформацијата е неизбежна покажуваат и податоците дека генерацијата Z сочинува 40% од лицата кои користат дигитални услуги, а притоа само 47 отсто од оваа генерација користи некоја услуга на традиционална банка, од едноставна причина што компаниите од финтек секторот нудат едноставни и брзи услуги, базирани на дигитализацијата и новите технологии. Токму затоа и компаниите од финтек секторот се толку блиски особено на помладите генерации, но и на генерациите на нивните родители кои секојдневието „ги тера“ да ги прифатат новите технологии кои носат брзина и едноставност и штедат време.
Колку се производите на финтек индустријата револуционерни доказ е примерот на Иуте, едно од најреномираните финансиски друштва во земјава кои со своето појавување беа први кои на пазарот понудија кредити „без хартија” и сигурен процес на одобрување од само неколку минути од аплицирање до исплата. Компанијата од самиот почеток инвестираше во напредни технологии за прием на кредитни барања, автоматска анализа и поврзаност помеѓу сите чинители на процесот, безбедна авторизација и безготовинска трансакција, што се сведе на неколку клика од домашен компјутер или мобилен телефон и неколку минути искуство.
Иуте, дел од Групација со седиште во Естонија, ја креираше апликацијата Myiute, како најсовремена алатка за поедноставување на сите процеси и управување со сопствените финансии. Оваа апликација овозможува едноставно, брзо и дигитално аплицирање за кредит, потпишување на договор, следење на состојба на финансиските средства, отплата, добивање известувања и слично. Како дополнување, од оваа година Иуте стана прва финансиска институција на пазарот што воведе биометриска електронска идентификација, што е дополнителен безбедносен механизам за заштита на клиентите и спречување на можната злоупотреба на податоци. „Во соработка со компанијата GetID од Естонија воведовме електронска идентификација со којашто клиентот го докажува својот идентитет. Процесот е едноставен и се спроведува преку мобилен телефон којшто поддржува биометриска идентификација, телефонски број издаден од оператор со дозвола за работа исклучиво во Македонија, валиден документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош и сопствена е-маил адреса и притоа целиот процес да го направат преку мобилната апликација MyIute. Електронската идентификација е важна за заштита на личните податоци и за нас е обврска и императив”, изјави Татјана Давчев, Директор за правни работи и усогласеност на политики во Иуте Кредит.
Покрај тоа се воведе и отплата на рати при купување во продавница или онлајн, “Buy now, pay later”. Што значи оваа услуга? Според Горан Гермовски, раководител на партнерската продажна мрежа на Иуте, овој модел е развиен за да се излезе пресрет на потрошувачите. „Нашите клиенти во рамки на нивниот одобрен лимит за трошење можат да купуваат што сакаат и да плаќаат подоцна во рати. Секој може да си ги планира средствата и ратите онака како што ним им одговара и дури и со 0% камата и без никакви дополнителни скриени трошоци“, објаснува Гермовски.
Иуте е истовремено и првата (и засега единствена) небанкарска финансиска институција со сопствена мрежа на бескартични банкомати. Она што можеме да го потврдиме со сигурност е дека иновациите го движат светот, а тие се движат со брзина на светлината. Фокусот е на креирање брзи, едноставни и иновативни производи и услуги, а ние како граѓани треба да одиме во чекор со трендовите, сфаќајќи ги како неизоставен дел од нашето секојдневие, но и алатка која значително ќе нѝ го олесни животот и обврските.