Зградите на терминалот на аеродромот во Хамбург и неколку авиони беа евакуирани синоќа откако вооружен маж со дете во автомобил излета на пистата, изјави портпаролката на аеродромот за ДПА. Според федералната полиција, вооружен маж со своето возило поминал низ оградата на аеродромот околу 20 часот и влетал во терминалот на аеродромот. Имал пиштол и пукал двапати во воздух, а од автомобилот фрлил и две шишиња со запалива течност слична на молотови коктели.
Преговорите траеле 18 часа, а полицијата денеска околу 14 часот и 40 минути соопшти дека мажот се предал и бил однесен од специјалци. Девојчето кое било со него не е повредено, соопшти полицијата.
Според Би-Би-Си, властите веруваат дека ситуацијата вклучувала спор околу старателството над детето и дека мажот не се согласувал со некои од одлуките на властите во врска со уредувањето на старателството и сакал да отпатува во Турција со детето.
Како што пренесува Би-Би-Си, властите веруваат дека ситуацијата вклучувала спор околу старателството над децата. Мајката на детето ги известила итните служби и полицијата дека е однесена нивната четиригодишна ќерка.
Портпаролката на полицијата во Хамбург, Сандра Левгруен, претходно денеска изјави дека мажот не се согласува со некои од одлуките на властите во врска со уредувањето на старателството и сакал да отпатува во Турција со детето. „Киднаперот зборува за тоа дека неговиот живот е куп остатоци“, изјави таа за германската телевизија ЗДФ.