Полицијата во Скопје казни 264 возачи, 69 за брзо возење

Полицијата-во-Скопје-казни-264-возачи-69-за-брзо-возење.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.



На територија на град Скопје изречени се вкупно 264 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 31 санкција за некористење сигурносен појас, девет мерки за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK